Новото продолжение на популарната „Фудбал Менаџер“ излегува следниот вторник, а во него ќе го нема името на Јувентус.
Италијанскиот шампион има ексклузивен договор со Конами кој ги откупи правата за својата верзија на ПЕС 2020 и тоа значи дека името на Јувентус не смее да се споменува во ниту една друга игра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На ФИФА 2020 Јувентус го носи името Пјемонте Калчо, а во новиот „Фудбал Менаџер“ името на црно-белите ќе биде Зебри со што се алудира на нивниот дрес.
Треба да се нагласи дека играчите на Јувентус ќе си ги имаат стандардните имиња.