Дома Трансфер зона Ѕвездата на ПСЖ го одби Интер

Ѕвездата на ПСЖ го одби Интер

Францускиот дефанзивец Левин Курзава ја одбил понудата на италијанскиот гигант Интер, оренесува еминентниот „Екип“.

Договорот на Курзава со Пари Сент Жермен истекува на крајот на сезоната и „нероаѕурите“ му понуди да потпише со нив како слободен агент на лето.

Меѓутоа, Курзава ја одбил понудата на Интер бидејќи преферира преселба во клуб од Премиер лигата и очекува понуди од Островот.

Левиот бек ја нема довербата на Томас Тухел и оваа сезона беше во стартниот состав само на пет натпревари во француското првенство.

Меѓутоа, „Екип“ тврди дека Интер нема да се откаже од намерата, бидејќи Курзава е голема желба на Конте и се очекува наскоро да испрати финансиски подобра понуда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Озил дојде како ѕвезда, а од Арсенал ќе си оди бесплатно?

Месут Озил како голема ѕвезда дојде во Арсенал, но нема да замине со таков статус. Арсенал…