Дома Македонски спорт Ѓорѓиев: Величенствена победа, момците имаат срце како планина

Ѓорѓиев: Величенствена победа, момците имаат срце како планина

0

Македонските одбојкари испишаа историја остварувајќи ја првата победа на Европските првенства, а херој беше Никола Ѓорѓиев.

Капитенот одигра фантастична партија со постигнати 37 поени во победата над Белорусија со 3-1 во сетови.

„Ова беше најважниот меч за нас во историјата – го добивме. Многу сум среќен, ова е моја репрезентација, оваа е мој тим, затоа бев многу тажен по мечевите кои ги загубивме, знаев дека можеме многу подобро. Можеби тоа што се зборуваше дека ова е историја ни создаваше некоја тежина, можеби целата оваа атмосфера околу нас беше причина за поразите, потребно беше да одиграме три натпревари, да имаме ден одмор и потоа да покажеме што можеме. Ова е голема, величествена победа. Овие момци имаат срце како планина“, изјави Ѓорѓиев.

Утре во последниот настап од групната фаза, противник на избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе биде домашната Словенија. Евентуална победа за Македонија ќе значи шанса за осминафинафинале, но сепак ќе зависи од другите натпревари до крајот во Ц-групата. 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселон…