Дома Фудбал Срамно: Фудбалер на Кристал Палас даде гол додека голманот на Ливерпул лежеше повреден (Видео)

Срамно: Фудбалер на Кристал Палас даде гол додека голманот на Ливерпул лежеше повреден (Видео)

Фер-плејот се чини дека денеска исчезна, а местото на инцидентот беше стадионот Енфилд каде што се одигра натпревар од англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Кристал Палас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во 71-та минута од натпреварот, домаќините атакуваа преку Исмаила Стар чииот удар беше одбранет од голманот на Редс, Фреди Вудман.

По одбраната, Вудман остана да лежи на тревата, што го искористи дефанзивецот на гостите, Даниел Муњоз.

Топката стигна до него на работ на шеснаесетникот, а тој ја пласираше во празната мрежа додека Вудман беспомошно се виткаше на тревата.

Вудман доби медицинска помош и продолжи со играњето, но срамот кој го предизвикаа играчите на Палас ќе остане запаметен.

Иако голот формално не е според правилата на фудбалот бидејќи судијата не ја прекина играта додека Вудман лежеше на тревата, проблемот лежи во недостатокот на фер-плеј од страна на играчите на Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се соочува со Челси во битка за дефанзивецот на Барселона

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да направи чекор напред во желбата да го привлече д…