Дома Фудбал Босанците го распродадоа стадионот за натпреварот на Македонија!

Босанците го распродадоа стадионот за натпреварот на Македонија!

Од Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина потврдија дека интересот за натпреварот против Македонија е огромен и сите билети што беа пуштени во продажба се веќе распродадени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако дуелот ќе се игра на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, кој поради одредени проблеми со статиката нема да биде исполнет до последното место, сепак се очекува силна поддршка од трибините и одлична атмосфера.

Уште претходно од сојузот информираа дека се продадени околу 22.000 билети и дека останале минимален број, а сега продажбата и официјално е затворена. За домашните навивачи ова ќе биде посебен момент, бидејќи ќе имаат можност да ја испратат својата репрезентација пред настапот на Светското првенство – последен меч на домашен терен пред турнирот.

Планирано е репрезентацијата да одигра уште еден контролен натпревар во САД, најверојатно против Панама, како дел од финалните подготовки.

На Светското првенство, Босна и Херцеговина ќе се натпреварува во група со Швајцарија, Канада и Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селектор доби отказ по првиот натпревар на Светското првенство!

Сабри Ламуши доби отказ од позицијата селектор на Тунис во текот на Светското првенство. К…