Дома Фудбал Македонскиот напаѓач ја води швајцарската сензација: Најважно им беше да не испаднат, а денеска титула може да слават!

Македонскиот напаѓач ја води швајцарската сензација: Најважно им беше да не испаднат, а денеска титула може да слават!

Фудбалските сензации како онаа на Лестер од сезоната 2015/16 ретко се случуваат, но во моментов Швајцарија има своја нова бајка. Во центарот на вниманието е Тун – тим кој штотуку се врати во елитата, а веќе е на чекор до историска титула.

На пет кола до крајот на сезоната, Тун има убедлива предност од 14 бодови пред Сент Гален и уште вечерва може и официјално да стане шампион. Тоа ќе се случи ако слави против Лугано или ако Сент Гален не успее да го победи Јанг Бојс.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клубот со долга традиција од 127 години досега нема освоено титула во најсилната лига. Единствените два трофеи се од втората дивизија, а иако играле финалиња во Купот (1955 и 2019), не успеале да стигнат до трофеј. Најблиску биле во 2005 година, кога завршиле како второпласирани зад Базел.

Таа генерација остана запаметена и по историскиот настап во Лигата на шампиони – единствен во историјата на клубот. Во силна конкуренција со Арсенал, Ајакс и Спарта Прага, Тун заврши трет и избори европска пролет во тогашниот Куп на УЕФА, каде подоцна беше елиминиран од Хамбургер.

Еден од клучните луѓе од тоа време, Мауро Лустринили, денес е тренерот што го води тимот. Тој ја презеде екипата во 2022 година и за кратко време ја врати во првата лига. Значајна улога има и Андреас Гербер, поранешен играч од таа генерација, кој сега е на чело на клубот како претседател и спортски директор.

По враќањето во елитата, амбициите биле скромни – обезбедување опстанок. Со ограничен буџет од околу два милиони евра, ретко кој веруваше дека Тун може да биде кандидат за титула. Но, тимот функционира беспрекорно.

„Немаме направено ништо сензационално – без големи вложувања и многу засилувања. Јадрото од тимот остана исто од втората лига. Тренерот бара храброст и максимална посветеност, а по интензитет мислам дека сме пред сите“, изјави дефанзивецот Женис Монтољо.

Токму високото темпо, агресивниот пресинг и директната игра се заштитен знак на Тун, кој со таков пристап ги принудува противниците на грешки.

Во офанзивата блеска македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, кој со 13 голови и шест асистенции е лидер на тимот. Зад него се Бертоне и Ибај со по десет погодоци – тројца фудбалери кои беа дел од тимот и во сезоната кога Тун избори пласман во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што после Гвардиола? Сити веќе го одбра наследникот

Пеп Гвардиола е врзан со Манчестер Сити до 2027 година, но не е изненадување ако го прекин…