
Познатиот италијански судија Џанлука Роки е под лупата на обвинителството во Милано. Причината се притисоците врз ВАР судиите во последните две сезони.
Џанлука Роки, по завршувањето на неговата судиска кариера во 2020 година, доби работа во Фудбалската федерација на Италија. Се грижеше за изборот на судии за највисоките две дивизии на италијанскиот фудбал, но се чини дека ја злоупотребил својата позиција за да влијае врз резултатите на натпреварите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Обвинителството во Милано, предводено од Маурицио Ашионе, отвори истрага против 52-годишниот Роки поради вмешаност во спортска измама. Наводно, имал директно влијание врз судиите во ВАР собата во последните две години.
Обвинителите споделија информации за некои натпревари на кои Роки влијаел. Меѓу нив е дуелот од 1 март 2025 година помеѓу Удинезе и Парма.
Додека судиите Даниеле Патерна и Симоне Соза се дискутираа за тоа дали ќе биде досуден пенал, со одлука дека мечот ќе продолжи без казна, Роки нагло се замеша, чукнајќи на прозорецот од ВАР собата, а Патерна веднаш го смени своето мислење и прогласи: „Тоа е пенал“.
Се претпоставува дека Роки реагирал и влегол во ВАР собата за да ја промени одлуката на ВАР судиите.
🚨 Роки (судија) е цел на истрага за спортска измама!
— Actualité – Serie A (@ActualiteSerieA) April 25, 2026
Обвинет е за притисок врз ВАР при настани што предизвикаја скандал, како нереагирање при удар на Бастони или недосудените случаи на Удинезе- Парма.
(@RaiNews) pic.twitter.com/EvDs8KEwEm
Обвинителството, исто така, истражува и вмешаност на Роки во пропустите на судиската екипа да го исклучи играчот на Интер, Алесандро Бастони, на натпреварот против Верона во сезоната 2023/2024.
Само е прашање колку уште натпревари се под сомнеж. Роки го наруши својот углед и може да заврши зад решетки.
Италијанските медиуми сугерираат дека истрагата може да се прошири на повеќе натпревари. Специјално се анализираат ситуации каде одлуките од ВАР собата одеа во корист на одредени клубови во повеќе случаи, што дополнително ја зајакнува сомнежта за систематско влијание, а не само случајни грешки.