Дома Фудбал Бернардо Силва го прави трансферот на кариерата

Бернардо Силва го прави трансферот на кариерата

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва наскоро би можел да го направи еден од најголемите потези во својата кариера.

Според најновите информации кои кружат низ европските фудбалски кругови, неговиот следен клуб би можел да биде славниот Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клучна улога во потенцијалниот трансфер има познатиот агент Хорхе Мендеш, кој, според информациите, веќе ги понудил услугите на својот клиент на шпанскиот гигант.

Оваа вест доаѓа во мигот кога сè повеќе се зборува за иднината на играчот од средниот ред кој со години беше еден од најважните играчи на Манчестер Сити.

Силва има договор со актуелниот клуб кој истекува на крајот од сезоната, што дополнително ги отвора вратите за големиот трансфер.

Во случај на реализација на овој сценарио, португалскиот фудбалер би пристигнал во Мадрид како слободен играч, без надомест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teжок удар за Анчелоти: Бразил остана без важен фудбалер за Мундијалот!

Многу лоши вести за селекторот на Бразил Карло Анчелоти доаѓаат од Шпанија. Централниот бе…