Дома Фудбал Teжок удар за Анчелоти: Бразил остана без важен фудбалер за Мундијалот!

Teжок удар за Анчелоти: Бразил остана без важен фудбалер за Мундијалот!

Многу лоши вести за селекторот на Бразил Карло Анчелоти доаѓаат од Шпанија. Централниот бек на Реал Мадрид, Едер Милитао, според информациите од главниот град, ја обновил старата повреда која долго време го држеше надвор од теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мигел Анхел Дијаз, кој работи за радио „Cadena COPE“, уверува дека нема шанси 186 см високиот дефанзивец да се опорави до 11 јуни, кога е почетокот на Светското првенство во Канада, Мексико и САД.

„Едер Милитао ќе мора да биде подложен на операција поради новата повреда на левата задната ложа. За несреќа од претходната повреда која ја претрпе во декември против Селта се има отворено повторно. За жал, тој нема да може да учествува на Светското Првенство“, изјавува Дијаз.

Имајќи ја предвид блискоста на мадридската редакција со Реал Мадрид, може да се смета дека оваа вест е обесхрабрувачка за жителите на земјата од која потекнува петкратниот светски првак.

Сепак, Анчелоти ќе може да смета барем на уште неколку дефанзивци со приближно сличен квалитет, како што се Маркињос, капитенот на Бразил и Парис Сен Жермен, како и Бремер од Јувентус.

Светското Првенство 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ni 150 miliona nije sprečilo Barselonu

Barselona nije odustala od namere da ovo leto dovede Hulijana Alvaresa. Atletiko Madrid je…