Дома Македонски спорт Ѓорческа против Викари на Австралија Опен

Ѓорческа против Викари на Австралија Опен

0

Најдобрата спортискта на Македонија за 2016 година, тенисерката Лина Ѓорческа, во четврток во раните утрински часови, ќе настапи во првото квалификациско коло на гренс слем турнирот Австралија Опен.

Ѓорческа, која на ВТА листата се наоѓа на 202-то место, за противничка на почетокот на квалификациите ја доби Американката Саша Викари. 21-годишната Американка на ВТА листата се наоѓа на 137-та позиција.

Македонската тенисерка втор пат настапува во квалификациите на еден грен слем, минатата година на УС Опен не успеа да го мине првото коло, додека Викари во 2014 година настапи на главниот турнир во Австралија, а на грен слем турнирите има и учество во второто коло на УС Опен.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов голем скок: Македонија напредуваше 9 места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за нови девет позиции на рангирањето на …