Дома Топ вести Шок за Реал Мадрид: Милитао повторно ги скина лигаментите!

Шок за Реал Мадрид: Милитао повторно ги скина лигаментите!

Победата на Реал Мадрид над Осасуна од 4:0 скапо ќе го чини Карло Анчелоти, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната!

Бразилецот повторно ја заработи најтешката можна повреда, оштетени му се предните вкрстени лигаменти, како и менискусот, поради што го чека нова операција и пауза од најмалку девет месеци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милитао заработи идентична повреда минатото лето, па на теренот се врати дури на крајот од минатата сезона, па ова е навистина најлошата можна вест и за него и за Реал Мадрид.

Карло Анчелоти во овој момент има само еден здрав стопер, а тоа е Антонио Ридигер, бидејќи Давид Алаба се уште не е опоравен од оваа идентична повреда и ќе се врати дури на крајот на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пекол во ЛШ: Му се предвидува нов срам на Мурињо?!

УТрово се појави веста дека Жозе Мурињо е пред враќање во Бенфика. Португалецот во почеток…