Шкупи денес го одигра вториот натпревар во второто коло од Конференциската лига против Санта Клара на домашен терен.
Санта Клара денес на Арената „Тодор Проески“ забележа победа од 0:3. До водство гостите од Португалија стигнаа кога Рувтубаје си постигна автогол после половина час игра од првиот дел. Со предност од 0:1 за Санта Клара се замина и на полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После само четири минути игра во вториот дел Санта Клара стигна до предност од 0:2 преку Карваљо. Во последните моменти од натпреварот работата на Шкупи за реваншот стана уште потешка затоа што Костиња ги постави конечните 0:3.
На Шкупи сега ќе му треба чудо во Португалија идната недела за продолжување на настапите на евросцената.
Со оглед на тоа дека и Шкендија изгуби од Рига со 2:0, тешко ќе биде да гледаме македонски претставник во третото квалификациско коло.