Дома Фудбал Познати се датумите и сатницата на натпреварите од осминафиналето на Светското првенство

Познати се датумите и сатницата на натпреварите од осминафиналето на Светското првенство

Сега е јасно како изгледаат сите парови за осминафиналето на Светското првенство. Покрај тоа, познато е и кога ќе се одиграат натпреварите во оваа фаза на натпреварувањето.

Седум европски репрезентации, четири јужноамерикански, три северноамерикански и две африкански репрезентации се квалификуваа за осминафиналето на Мундијалот.

Сигурно е дека најголемо внимание ќе привлечат натпреварите помеѓу Бразил и Норвешка, како и помеѓу Португалија и Шпанија.

Натпреварите од осминафиналето ќе се играат четири дена, а во вторник навечер ќе биде познато кои се паровите за четвртфиналето на Светското првенство.

Канада – Мароко (4 јули, 19:00 часот)

Парагвај – Франција (4 јули, 23:00 часот)

Бразил – Норвешка (5 јули, 22:00 часот)

Мексико – Англија (6 јули, 02:00 часот)

Португалија – Шпанија (6 јули, 21:00 часот)

САД – Белгија (7 јули, 02:00 часот)

Аргентина – Египет (7 јули, 18:00 часот)

Швајцарија – Колумбија (7 јули, 22:00 часот)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Александар Таневски избран за нов селектор на репрезентацијата до 21 година!

На денешната Седница на управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донес…