Дома Останати Кошарка НБА Чудесен Дончиќ и Новицки како во најдобрите денови го срушија шампионот! (ВИДЕО)

Чудесен Дончиќ и Новицки како во најдобрите денови го срушија шампионот! (ВИДЕО)

0

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.

Кошаркарите на Далас Маверикс му нанесоа убедлив пораз на актуелниот НБА шампион Голден Стејт со 126:91, а одлично издание имаше Словенецот Лука Дончиќ кој стигна до трипл-дабл, како и Дирк Новицки кој потсети на најдобрите денови.

Популарните Маверикс од самиот старт на натпреварот тргнаа офанзивно со голем мотив да го победат шампионот. Така веќе после првата четвртина имаа предност од 15 поени (37:22) која во продолжение константно ја зголемуваа.

Во сличен ритам продолжија до крајот на натпреварот,, па така на крајот стигнаа до убедливата победа од 35 поени разлика.

Своја вечер имаа Лука Дончиќ и Дирк Новицки. На младиот Словенец му беа доволни три четвртини да стигне до својот шести трипл-дабл во кариерата. Така за 27 минути поминати на паркетот имаше 23 поени, 11 скокови и десет асистенции, додека Дирк Новицки го одигра натпреварот на сезоната постигнувајќи 21 поен и пет скокови.

Овој негов настап не помина незабележано бидејќи при излегувањето од игра целата сала застана на нозе и го поздрави својот миленик кој веќе 21 година е верен на тимот.

На другата страна кај Вориорси во отсуство на Стеф Кари најефикасен беше Кевин Дурант со 25 поени, Казинс уфрли 19 поени, додека Клеј Томпсон натпреварот го заврши само со осум поени.

Со овој шести трипл-дабл во сезоната Лука застана рамо до рамо со Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Бен Симсон.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Сакраменто – Фенкс 112:103

Вашингтон – Мајами 108:113

Атланта – Филаделфија 129:127

Чикаго – Јута 83:114

Мемфис – Минесота 99:112

Голден Стејт – Далас 91:126

Портланд – Дероит 117:112

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт и Јувентус, Барса и Нејмар, Савиќ пред портите на Париз!

Како и секој ден и денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазар…