Дома Трансфер зона Челзи се откажа од него во 2013 година, а сега го сака назад за 90 милиони евра

Челзи се откажа од него во 2013 година, а сега го сака назад за 90 милиони евра

Даклан Рајс е најдобриот фудбалер на Вест Хем во изминатата сезона во Премиер лигата. Станува збор за дефанзивен играч за врска кој е мета на поголемиот број англиски клубови.

Со само 21 година има веќе седум настапи за англиската репрезентација, а сега е во Челзи изгелда е сериозен кандидат да го доведе. Рајс е дете на „сините“, меѓутоа во 2013 година на 14 години се преселил на другата страна на Лондон во редовите на Вест Хем.

Рајс со Вест Хем има договор до 2024 година и нема сомневање дека ако некој клуб сака да го доведе ќе мора да издвои прилично голема сума.

Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран за овој играч, меѓутоа цената за услугите на Рајс не е воошто мала. Според она што се пишува во медиумите оној кој ќе сака да го доведе Рајс ќе мора да плати 90 милиони евра. Во случај да потпише за Челзи за таа сума тој би станал најскапиот играч во историјата на „сините“ рекордот во овој момент го држи Кепа Аризабалага со 80 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Спортскиот директор на Интер со порака до Барса: Го сакате Лаутаро? Ова е условот!

Од Интер потврдија дека Барселона ги контактирала за доведување на Лаутаро Мартинез. На Ба…