
Интер го насочи својот интерес кон десниот бек играч на Тотенхем, Џед Спенс, објавуваат Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите, „нероазурите“ тешко би постигнале договор со Ал-Итихад за Муса Диаби и затоа размислуваат за можноста да се обидат со англискиот репрезентативец. Во моментов, цената на Спенс е 30+5 милиони евра, а италијанскиот шампион се надева дека ќе се намали во следните недели. Друг можен избор за засилување во таа зона е Николас Гонсалес од Јувентус, но за сега тој е втор избор.
Во меѓувреме, Рома е заинтересирана за бек играчот на Интер, Луиз Енрике, кого миланскиот гранд го проценува на 30 милиони евра. Доколку се оствари продажбата на Бразилецот, „Змијата“ може да доведе не еден, туку двајца нови играчи за десната страна.