
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, си копа сѐ подлабока дупка, бидејќи наводно имал љубовна афера со една од своите колешки додека работел во УЕФА, а Европскиот дом на фудбалот и исплатил голема сума на пари како отпремнина по нејзиното заминување од организацијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според извештаите на британскиот „Телеграф“, жената била вработена во УЕФА кога Инфантино бил генерален секретар. Нивната врска наводно се одвивала во периодот кога Швајцарецот бил во брак.
Кога во 2011 година ја напуштила УЕФА, поранешната вработена добила значајна исплата. Како што наведува „Телеграф“, износот бил околу 170.000 евра, што вклучува и трошоци за школување за мастер студии на бизнис школа.
Непосредно пред заминувањето од организацијата, наводно добила и покачување од околу 29.000 евра, по неколку унапредувања од административна позиција до раководно место. Средствата за исплатата наводно директно биле земени од касата на УЕФА.
Информациите за наводната љубовница на Инфантино се појавија во јавноста во петок, по што УЕФА соопшти дека сака да спроведе истрага за периодот во кој Инфантино бил на чело на организацијата.