Дома Фудбал Спалети разбра каков проблем има во тимот на Јувентус, па одлучи веднаш да реагира!

Спалети разбра каков проблем има во тимот на Јувентус, па одлучи веднаш да реагира!

Јувентус пред неколку дена загуби во пријателскиот натпревар против Интер (2:1) во Перт, а овој меч му покажа на Лучано Спалети дека има голем проблем пред почетокот на новата сезона и италијанскиот тренер одлучи веднаш да го реши.

Старата дама веќе неколку дена се наоѓа на подготовки во Австралија, а играчите на овој тим во саботата одиграа подготвителен натпревар против лутиот ривал Интер.

Интер успеа да победи со 2:1 и беше подобар во текот на поголемиот дел од натпреварот, а Старата дама се разигра дури на самиот крај.

Натпреварот против Интер на тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, му покажа дека има навистина огромен проблем пред почетокот на сезоната, што очигледно и искусниот тренер сам го разбра.

Имено, најслабата алка во тимот на Јувентус беше голманот Микеле Ди Грегорио, бидејќи двата голови што ги прими беа на негова совест поради доста слаби реакции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна …