
Иако досегашниот дел од преодниот рок ни донесе навистина неколку звучни трансфери, се чини дека најдоброто тек доаѓа, а наскоро можеме да видиме трансфер вреден преку 150 милиони евра помеѓу ПСЖ и Ливерпул.
Љубителите на фудбалот сигурно уживаат во она што го донесе досегашниот дел од преодниот рок, но како што стојат работите, најдоброто тек допрва следува.
Барселона е многу активна на пазарот и сака да заврши неколку големи договори, но во фокусот денес се најдоа ПСЖ и Ливерпул кои преговараат за трансфер вреден најмалку 150 милиони евра.
Во прашање е Брадли Баркола кој по Светското првенство ја изрази желбата да го напушти ПСЖ, затоа што верува дека е време за нов предизвик.
Најголем интерес за репрезентативецот на Франција покажа Ливерпул, но истиот „се олади“ откако ПСЖ порача дека Баркола нема да го пушти под 150 милиони евра.