Дома Фудбал Крај на сагата со Хари Кејн: Англичанецот ја соопшти конечната одлука на раководството на Бајерн

Крај на сагата со Хари Кејн: Англичанецот ја соопшти конечната одлука на раководството на Бајерн

Еден од најдобрите напаѓачи во светот последниве недели се поврзуваше со враќање во Премиер лигата, но изгледа дека од тоа нема да биде ништо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хари Кејн ја донесе одлуката за својата иднина. Англискиот напаѓач останува во Баерн, а според информациите од англиските медиуми, подготвен е да потпише и нов договор со германскиот великан.

Последниве недели многу се шпекулираше за можното враќање на Кејн во Англија. Неговата договорна ситуација дополнително ги поттикна гласините, поради што во Минхен решиле да реагираат и му понудија на својата најголема ѕвезда продолжување на соработката.

Според најновите информации, преговорите завршиле успешно. Наводно, Кејн во текот на неделата им потврдил на раководството на Баерн дека сака да остане, а новиот договор би требало да го обврзе за баварскиот великан до летото 2029 година.

Кејн поради настапите на Светското првенство доби малку подолг одмор од некои од соиграчите, а во текот на оваа недела би требало да се приклучи кон подготовки на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трабзонспор не застанува: Договорен е напаѓач, играше со Салах во Ливерпул

Искусниот 27-годишен уругвајски напаѓач е ново засилување за Трабзонспор. Интересно е дека…