Дома Останати Кошарка Чаир „контра“ МЗТ: Инцидентот е измислен – полна сала и вечер на која долго ќе се сеќаваме

Чаир „контра“ МЗТ: Инцидентот е измислен – полна сала и вечер на која долго ќе се сеќаваме

Бурни реакции во македонската спортска јавност предизвика вчерашниот случај на натпреварот помеѓу Чаир и МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје ја информираше јавноста дека натпреварот во салата „Шабан Трстена“ беше прекинат поради напад од неофицијални лица на тренерот и играчите на МЗТ Скопје. Наспроти тоа, Чаир сега тврди дека немало инцидент. Нагласувајќи дека атосферата била одлична.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Чаир:

„Одличен натпревар со одлична атмосфера, полна сала и вечер која долго ќе остане во нашето сеќавање бидејќи се потврди дека Чаир е храм на спортот. Кога во прашање се лажните информации кои се појавија во јавноста целосно демантираме. Натпреварот се снима од сите агли и од многу медиуми. Таканаречениот „инцидент“ е измислен е од противничкиот тим во моментите кога губат, тие објавија нереални работи. Гарантираме дека немаше физички контакт во ниту еден момент“, објави Чаир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Грабеж во Англија: Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осо…