Дома Останати Кошарка Чаирчани се жалат: Во Битола бевме каменувани!

Чаирчани се жалат: Во Битола бевме каменувани!

Кошаркарскиот клуб Чаир синоќа објави соопштение по гостувањето кај Пелистер во рамките на деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата, која до неодамна беше на врвот на табелата, доживеа пораз со резултат од 73-77. Сепак, според изјавата од клубот, натпреварот бил обележан со несакани инциденти и непријатности при нивното заминување од Битола.

„Целиот натпревар беше обележан со голема тензија и притисок од трибините, при што нашите кошаркари беа изложени на навреди, говор на омраза и фрлени предмети. И покрај ваквите инциденти, не беше преземена мерка за празнење на трибините. На крајот, при заминувањето, нашиот автобус беше каменуван – чин што го осудуваме со најстрога осуда“, се наведува во соопштението од КК Чаир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн и Јокиќ соиграчи од следната сезона?!

Леброн Џејмс вчера официјално се раздели од ЛА Лејкерси по дури осум години, но не планира…