Кошаркарскиот клуб Чаир синоќа објави соопштение по гостувањето кај Пелистер во рамките на деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига. Екипата, која до неодамна беше на врвот на табелата, доживеа пораз со резултат од 73-77. Сепак, според изјавата од клубот, натпреварот бил обележан со несакани инциденти и непријатности при нивното заминување од Битола. „Целиот натпревар беше обележан со голема тензија …