Барселона сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед.




Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и готово сигурно ќе си замине во јануари.




Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Договорот на Лингард истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари за „само“ 12 милиони евра.




Барселона е спремна да ја плати таа сума, а Чави верува дека Англичанецот одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.




Втората опца за каталонскиот клуб е бразилскиот напаѓач Артур Кабрал, кој блесна во дресот на Базел каде постигна 23 гола на 24 натпревари.