
Манчестер Јунајтед е на чекор од договор со Брајтон за трансферот на Карлос Балеба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според доверливиот новинар Дејвид Орнстин од The Athletic, клубот од Олд Трафорд испратил понуда која изнесува околу 60 милиони фунти, со можност за дополнителни пет милиони преку бонуси.
Јунајтед сериозно тргна по 22-годишнио играч од Камерун, а преговорите меѓу клубовите продолжуваат во позитивна насока.
Според Орнстин, основната понуда е околу 60 милиони фунти, односно приближно 70 милиони евра, со можност за уште пет милиони фунти во бонуси. Брајтон смета дека оваа сума сè уште не е доволна за еден од највредните нивни играчи.
И покрај тоа, разговорите се во тек и сите страни се обидуваат да дојдат до договор со кој Балеба би се преселил на Олд Трафорд. Договорот е многу блиску до финализација.
Балеба веќе подолг период е на радарот на Јунајтед. Клубот и претходно покажуваше голем интерес, но Брајтон тогаш не беше заинтересиран да го продаде камерунскиот репрезентативец, поставувајќи висока цена.
Ситуацијата сега се промени, а Јунајтед направи конкретен чекор со официјална понуда. Балеба моментално се враќа по повредата на лигаментите на зглобот, но според The Athletic, проблемот не се смета за сериозен и не се очекува долготрајно отсуство.
Ова лето Манчестер Јунајтед веќе значително го реформираше средниот ред со доаѓањето на Јури Тилеманс и Андреј Сантос, но Балеба се очекува да биде уште едно големо засилување за тимот на Мајкл Карик.
Доколку клубовите успеат да најдат компромис за отштетата, 22-годишниот Камерунец може да стане еден од најголемите трансфери на Јунајтед оваа летна сезона.