Дома Останати Кошарка Евробаскет Црвена Звезда без Антиќ падна и во Тел Авив

Црвена Звезда без Антиќ падна и во Тел Авив

0

Иако Макаби беше подобар од самиот старт, Звезда успеваше да оддржува приклучок во поголемиот дел од првото полувреме.

Првиот дел беше завршен со резултат 23:16 во корист на домашните, а добрата игра на Макаби продолжи и во втората четвртина.

Звезда успеа да држи приклучок до самиот финиш на втората четвртина, Дилан Енис погоди неколку важни поени со кои ги оддржуваше црвено-белите во игра, но потоа Макаби „додаде гас“ пред заминување на одмор и стигна до убедлива предност.

Домашните во првото полувреме водеа со 47:29, а иако Црвена Звезда се обиде да се врати во третата четвртина, Макаби лесно ги опструираше таквите обиди и на крајот славеше.

Џексон ја предводеше победничката екипа со постигнати 22 поени. Кај Црвена Звезда најефикасен беше Бјелица со 13 поени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Мекинро тврди: Ѓоковиќ ќе освои повеќе Грен слем титули од Надал и Федерер

Легендарниот тенисер Џон Мекинро е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да биде подобар од Р…