Дома Кошарка Германија до ново злато на ЕП: Турција не си го оствари сонот и ќе се теши со сребро

Германија до ново злато на ЕП: Турција не си го оствари сонот и ќе се теши со сребро

Кошарка — архивска фотографија

Германската кошаркарска репрезентација испиша нова страница во својата историја, откако во едно драматично и возбудливо финале ја совлада Турција со 88-83 и се закити со своето второ европско злато.

Клучните моменти се случија во самиот финиш. Турција на почетокот на последната четвртина поведе со 76-71 и изгледаше дека е на чекор до историски успех. Но, Германците одиграа феноменална завршница – со сигурен напад и цврста одбрана ја стопија предноста на ривалот и со силна серија го свртеа мечот во своја корист. На крајот, славеа со 88-83 и ја кренаа шампионската титула.

Најефикасен во составот на Турција беше Шенѓун со 28 поени, а на спротивната страна блесна Бонга со 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Овациите го разнежнија Пековиќ: Атина ги врати спомените, пофалби и за Обрадовиќ

Никола Пековиќ доби топол пречек во ОАКА, се потсети на генерацијата од 2009 година и пора…