Дома Македонски спорт Мак фудбал Хуман гест на Несторовски: Донираше пари за прилепската болница

Хуман гест на Несторовски: Донираше пари за прилепската болница

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, ја покажа својата големина и надвор од терените.

Напаѓачот на Удинезе, ќе донира 2.000 евра за општата болница„ Борка Талески“ од неговиот роден град Прилеп.

Нестороски е неколку кратен спортист на Прилеп и во овие тешки денови уште еднаш ја покажа својата хумана страна да им помогне на своите сограѓани.

„Како и сите и јас во овие денови сум загрижен.Но,сигурен сум дека сите заедно сме посилни и ќе победиме во оваа битка.Моето семејство е далеку,ми недостасуваат сопругата и децата.Се надевам дека наскоро ќе се вратам и ќе бидеме заедно.Ве молам да останете дома и да се придржувате на препораките на здравствените власти за доброто на сите. Ако го сториме тоа,можеме да спасиме многу луѓе“, истакна Несторовски.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Карантинот не го смирил Џани: Даде гол па ја скрши камерата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски очигледно едвај чекал да помине карантинот и д…