Дома Фудбал Лига на шампиони Храбрата Славија остана непоразена на „Камп Ноу“

Храбрата Славија остана непоразена на „Камп Ноу“

Фудбалерите на Барселона вечерва во рамките од 4-тото коло од групната фаза во Лигата на шампионите на „Ноу Камп“ ја пречека Шпанија која успеа да остане непоразена (0:0).

Барселона беше голем фаворит пред вечерашниот натпревар, но на крајот ги разочара навивачите.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Каталонците имаа доминација на теренот, меѓутоа мора да се истакне дека и Славија играше храбро и напаѓачки. Најдобрата шанса во првото полувреме Барселона ја имаше во 35-тата минута кога Меси во еден соло продор ја погоди пречката. Во завршницата од првото полувреме Славија успеа да постигне гол, но тој беше поништен поради офсајд.

Претходно Барселона имаше два зицери, прво Меси, па Пике од корнер, сепак резултатот не се промени.

Барса ја затресе мрежата во вториот дел меѓутоа Меси беше во офсајд за буквално половина стапало.

До крајот видовме уште неколку шанси, без резултатот да се промени. После ова реми Барселона е прва со осум Борусија Дортмунд и Интер кои играат од 21:00 часот имаат по четири и Славија е последна со два.

Во вториот натпревар кој се играше од 18:55 Лајпциг го победи Зенит на гости со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал спреми 70 милиони за ѕвездата на Лајпциг

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…