Дома Фудбал Германија Хенес: Барселона ако беше во Германија досега ќе банкротираше

Хенес: Барселона ако беше во Германија досега ќе банкротираше

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес не може да поверува како Барселона сака да го купи Роберт Левандовски кога тоне во долгови.

Хенес тврди дека со такви долгови Барселона одамна ќе банкротирала ако била во Германија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Барселона сака да го привлече Левандовски во ситуација кога има долгови од 1,3 милијарди евра. Ако беа во Германија ќе банкротираа одамна. Каматите само им се натрупуваат, тонат во долгови, а испраќаат понуда за Левандовски“, изјави Хенес.

Хенес потоа додаде дека Левандовски има договор со Баерн на уште една година и клубот нема да дозволи тој да замине и нема да прифати никаква понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…