Дома Фудбал Германија Хаос во соблекувалната на Баерн, Мане го удрил Сане после поразот

Хаос во соблекувалната на Баерн, Мане го удрил Сане после поразот

Германскиот весник „Билд“ тврди дека во соблекувалната на Баерн Минхен се случил инцидент по завршувањето на мечот против Манчестер Сити.

Наводно дошло до тепачка помеѓу Садио Мане и Лерој Сане, а „Билд“ тврди дека Мане го удрил Сане во лицето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Мане бил лут затоа што Сане со висок тон му се обратил за време на мечот, расправијата почнала уште на теренот, а завршила во соблекувалната.

Со соблекувалната Мане го удрил Сане по уста, па Германецот бил изваден од соблекувална за да се смири ситуацијата.

„Билд“ додава дека Мане ќе биде казнет за инцидентот, а соиграчите спречиле поголем инцидент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Барселона за првпат откри зошто денеска работи во продавница за спортска опрема

Жереми Матије, некогашниот дефанзивец на Барселона, отворено зборува за тешкиот период низ…