Дома Трансфер зона Садио Мане има нов клуб, ќе игра со самопрогласениот најдобар играч во историјата!

Садио Мане има нов клуб, ќе игра со самопрогласениот најдобар играч во историјата!

Во четвртокот се одржа состанок кој ја одреди иднината на Садио Мане, и тоа далеку од Европа. По само една сезона, Сенегалецот го напушти Баерн и Стариот континент.

Мане се појави на прозивката на Баерн на почетокот на неделата, а челниците на клубот од Минхен му порачаа дека не сметаат на него и дека може да бара нов клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не така одамна, еден од најдобрите играчи во Европа, кој имаше една година за заборав, не мораше долго да чека за да најде нов клуб.

Како што пренесуваат странските медиуми, Мане кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во клубот Ал Наср, кој неодамна доби забрана за трансфери од ФИФА.

Саудискиот клуб прво ќе треба да плати 450.000 на Лестер Сити за трансферот на Ахмед Муса, по што ќе може да регистрира нови играчи како Марсело Брозовиќ и најверојатно Мане.

Преговорите меѓу Сенегалецот и саудискиот клуб одат во добра насока и многу е извесно дека трансферот ќе се реализира во наредниот период за сума од 30 мил.

Така, многу е сигурно дека Мане за нов соиграч ќе го има Кристијано Роналдо, самопрогласениот најдобар играч во историјата. Португалецот тоа го направи уште во 2017 година.

„Јас сум најдобриот играч во историјата во добри и лоши времиња“, изјави Роналдо за Франс Фудбал по освојувањето на „Златната топка“.

„Ги почитувам преференциите на сите, но никогаш не сум видел некој подобар од мене. Отсекогаш сум мислел на тоа. Ниту еден фудбалер не може да го направи тоа што можам јас. Нема покомплетен играч од мене.

„Играм добро со двете нозе, брз сум, моќен, добар со глава, постигнувам голови, асистирам. Има момци кои го претпочитаат Нејмар или Меси. Но, ви велам: нема покомплетен од мене“, изјави Роналдо.

Сепак, оттогаш поминаа шест години, времето го направи своето и јасно е дека денес 38-годишниот Роналдо не е на своето поранешно ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Падна договор: Ливерпул го избра наследникот на Клоп

Ливерпул ги заврши преговорите со тренерот на Феенорд, Арне Слот. Тој ќе ја преземе клупат…