Садио Мане, сака по само една сезона во Баерн Минхен, да се врати во Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.
Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити во четвртфиналето од ЛШ е последица од фрустрациите на Сенегалецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените“ би можеле да го купат за 20 милиони евра, а Баерн има план да врати дел од вложените пари на Сенегалецот. Тој би се откажал од дел од приходите за повторно да заигра на „Енфилд“, но големо прашање е дали поранешниот клуб е заинтересиран.
Клоп веќе донесе замена за Сенегалецот, пристигнаа Нуњес, Дијаз и Гакпо, па неизвесно е дали „црвените“ ќе сакаат да го вратат Мане.