Дома Топ вести Мане е следната ѕвезда што се сели во Саудиска Арабија

Мане е следната ѕвезда што се сели во Саудиска Арабија

Клубовите од Саудиска Арабија направија вистински „бум“ на трансфер пазарот, а следната ѕвезда која ја сакаат во своите редови е Садио Мане.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн Минхен и после само една година може да го напушти клубот. 

Баерн го ставил Сенегалецот на трансфер листа и Баварците исто така сакаат да се ослободат од Мане, кој има голема плата.

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн е спремен да го пушти Мане за „само“ 20 милиони евра, а интерес за него покажуваат клубовите од Саудиска Арабија.

Ал Ахли му нуди годишна плата од 25 милиони евра, па Сенегалец е спремен да каже ДА на оваа богата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…