Дома Останати Авто Мото Хамилтон сака подобар болид – му даде рок на Мерцедес!

Хамилтон сака подобар болид – му даде рок на Мерцедес!

Мерцедес не се снајде најдобро на почетокот во новата сезона во која важат новите правила за регулација на болидите.

Извозени се седум трки од оваа сезона, а германскиот тим се уште е без победа и ретко завршува на подиумот. Засега помладиот Британец е поуспешен во пресметката меѓу Расел и Хамилтон, но се верува дека штом Мерцедес го достигне потребното ниво, искуството на Луис ќе биде пресудно во пресметката меѓу колегите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Седумкратниот шампион сака поконкурентен болид до Силверстоун. Тој во последните 15 години славеше неверојатни осум пати на домашен терен.

„Се надевам дека до Британското ГП во Силверстон ќе го имаме болидот што го сакаме – способен да се бориме со Ферари и Ред Бул. Би било убаво да ги намачиме на домашната трка. Знам дека фабриката работи напорно на подобрувања И не се сомневам дека ќе успееме во тоа, порано или подоцна“, изјави Хамилтон за англиските медиуми.

Викендов ќе имаме трка во Азербејџан, следната недела во Канада и потоа Силверстоун на 3 јули. Засега во трката за шампионската титула води Макс Ферстапен со 125 бодови, а зад него е Леклер со девет бодови помалку, па Перез со 110 бодови на позицијата три. Луис Хамилтон е на шестата позиција со само педесет бодови и еден подиум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…