Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ одговори на обвинувањата од ФК Вардар!

ФФМ одговори на обвинувањата од ФК Вардар!

Откако ФК Вардар претходно објави соопштение во кое ја обвини Фудбалската федерација на Македонија поради одлуката билети за бараж дуелот со Денонит да се продаваат само оналјн денеска пристигна одговор од спротивната страна.

Соопштението со кое ФФМ одговори на реакцијата на Вардар ви го пренесуваме во целост:


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија како организатор на бараж натпреварот ВАРДАР – ДЕТОНИТ Плачковица за пополнување на Прва МФЛ праќа информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот закажан на 26. мај на стадионот “Благој Истатов” во Струмица. 

– На состанокот во “Куќа на фудбалот” беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот “Благој Истатов” да биде домаќин на натпреварот. 

– ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев – ФК Вардар и Игор Чапев – ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот. 

– Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets. 

– На состанокот, исто така, беше прифатен предлогот, јужната трибина на стадионот “Благој Истатов” целосно да се стави на располагање на навивачите на ФК Вардар, а доколку е потребно, да се обезбедат услови за отворање и на трибина зад головите. 

Фудбалската федерација на Македонија е организатор на натпреварот и има еднаков однос и третман кон сите клубови – учесници во натпреварувањето. Нашата, а веруваме и целта на сите клубови е преку фер и спортска игра да ги достигнеме целите за кои се бориме.
Фер и спортски. 

Посакуваме добар натпревар во вистинска фудбалска атмосфера. Нека се радува подобриот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …