Дома Фудбал Се огласи Министерството за спорт: Вардарци ќе бидат казнети за скандалозната прослава! (Видео)

Се огласи Министерството за спорт: Вардарци ќе бидат казнети за скандалозната прослава! (Видео)

По вчешраното видео на кое фудбалерите на Вардар славеа со навредлива и вулгарна песна денеска се огласи и Министерството за спорт од каде што се најавени санкции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реакцијата на Министерството ви ја пренесуваме во продолжение:

„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот.

Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува.

Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и се извинат на македонската јавност. Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран.

Ги разбираме ривалствата меѓу екипите, но не треба да се заборави дека спортот се игра за публиката и дека сите чинители имаат одговорност кон јавноста и општеството“, стои во реакцијата.

ВИДЕОТО ОД ВЧЕРАШНАТА ПРОСЛАВА:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…