Дома Фудбал Останато „Фудбал Ликс“ откри неверојатно богатство кое Роналдо го добива од „Најк“

„Фудбал Ликс“ откри неверојатно богатство кое Роналдо го добива од „Најк“

0

Реномираниот германски „Дер Шпигел“ пишува дека Кристиано Роналдо од „Најк“ за последниот договор од 2016 година ќе добие најмалку 162 милиони евра.

Откритието на германскиот весник се базира на податоците од книгата „Фудбал Ликс 2“ каде што има детален увид на договорот од 2016 година потпишан во Даблин помеѓу „Најк“ и фирмата „Поларис Лтд“ која ги поседува маркетиншките права на Португалецот.

Според тој договор до средината на 2026 година Роналдо ќе добива најмалку 16.2 милиони евра годишно. На тоа можат да се додадат и уште четири милиони ако освои некоја индивидуална награда.

„Шпигел“ пишува дека ниту „Поларис“, ниту агентот на Роналдо Жорге Мендеш не сакале да ја коментираат оваа информација, додека од „Најк“ порачале дека не разговараат за договорите на своите клиенти.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…