Покрај битките за место во прва и втора лига, викендов се играа и важни натпревари од пониските лиги, а на еден таков помеѓу ФК Ржанично и ФК Гоце Делчев дојде до инцидент во кој беше нападнат главниот судија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот беше битка за првата позиција на табелата. Гостите во натпреварот влегоа како лидери на табелата со три бода повеќе и им одговараше и реми за да ја завршат сезоната на првата позиција. Сепак, на крајот го загубија натпреварот со 2:1.
Имаа водство на почетокот, но фудбалерите на ФК Ржанично до паузата изедначија на 1:1, а потоа и со гол од пенал во вториот дел дојдоа до трите бода. Победата значеше и освојување на првото место.
По завршувањето на средбата дојде до инцидент во кој главниот судија беше нападнат од дел од гостинските фудбалери и стручниот штаб, па мораше да интервенира и полицијата за да биде изнесен од теренот.