Македонската фудбалска репрезентација до 19 години беше поразена со 2-0 во елитниот квалификациски турнир за пласман на ЕП кој се одржува во Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мечот се играше на теренот „Петар Милошевски“, а по овој пораз, шансите на нашите надежи дека може да играат на Европско првенство се минимални.
Избраниците на Тони Јакимовски рамноправно го одиграа првиот дел но примија гол во 45.минута преку Данило Кревсун.
На стартот на второто полувреме Украина зголеми на 0-2. Матви Пономаренко во 48.минута го постави конечниот резултат.
Во нашата група се играше и дуелот меѓу Швајцарија и Летонија. Швајцарците победија со гол во 90. минута. Македонија во следното коло игра против Швајцарија на 23 март.
Фото: ФФМ