Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Рома колабирал поради удар од противнички фудбалер?!

Фудбалерот на Рома колабирал поради удар од противнички фудбалер?!

И денеска во јавноста се пишува за колабирањето на Еван Ендика од редовите на Рома во натпреварот против Удинезе. Натпреварот беше прекинат во 72. минута и не се доигра.

Ноќта фудбалерот на „волчицата“ ја помина во болница каде што беше префрлен од стадионот во Удине.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тестовите покажале дека Ендика немал срцев удар како што беше првично бојавено. Денеска „Газета дело Спорт“ пишува за една од можните причини.

Наводно, ударот кој го имал Ендика во 38-та минута од Лоренцо Лука од Удинезе во градите придонел да се соочи со потешкотии во дишењето. Се наведува дека тој удар предизвика пуланола компресија која довела до фибрилации кои предизвикале да почувствува болки во градите и колапс.

Ваквата теорија се уште не е потврдена, меѓутоа ако е така тогаш е добро затоа што брзо би се вратил на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан одби 25 милиони евра од Фенербахче

Трансферниот пазар веќе е отворен, но засега Милан одбива да го продаде Кристофер Нкунку н…