Дома Фудбал Французите го номинираа Ето за место во најдобрите 11 на сите времиња и го налутија: 25 години бев напаѓач!

Французите го номинираа Ето за место во најдобрите 11 на сите времиња и го налутија: 25 години бев напаѓач!

Легендата на Барселона и камерунскиот поранешен напаѓач, Самуел Ето е номиниран од „Франс Фудбал“ за место во најдобриот тим на сите времиња.

Изненадувачки 39 годишниот напаѓач се најде помеѓу кандидатите за позицијата десно крило. Иако многумина би биле среќни да бидат номинирани, на Ето му засмета што тој е сместен на позицијата десно кирло.

„Ви благодарам на номинацијата, но на таа позиција играв една или две сезони, 25 години бев центарфор. Ова е непочитување“, напиша Камерунецот на Твитер.

Покрај Ето помеѓу номинираните за десната крилна позиција се: Дејвид Бекам, Џорџ Бест, Луис Фиго, Жаирзињо, Гаринч, Кевин Киген, Лионел Меси, Арјен Робен и Стенли Метју.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте: Самите сме виновни што сме во ваква ситуација

Тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека тимот сам со своите грешки допуштил да дојде …