Дома Фудбал Каков татко, таков син: Синот на славниот голгетер дебитираше со гол!

Каков татко, таков син: Синот на славниот голгетер дебитираше со гол!

Славниот Самуел Ето можеби добива свој наследник, неговиот син Етјен Ето дебитираше со гол во првиот тим на Рајо Ваљекано.

Етјен настапи во вчерашниот натпревар во кој Рајо со 0:5 славеше победа над Виљамуриел. Погодокот синот на легендата го постигна во завршницата од натпреварот.

Синот има 22 години и член на вториот тим на Рајо каде што пристигна летово. Претходно беше дел од: Мајорка, Атлетико, Овиедо и Гимараиш.

Во кариерата има настапи и за младинската репрезентација на Камерун.

https://twitter.com/rfef/status/1851380627599208450
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…