Дома Фудбал Германија Флик го отпиша: Во тимот ќе се врати ако успее да ослабне, сега има 99 килограми!

Флик го отпиша: Во тимот ќе се врати ако успее да ослабне, сега има 99 килограми!

Според пишувањата на германски Билд, Никлас Суле е отстранет од екипата бидејќи има вишок килограми.

Суле го немаше на последниот натпревар на Баерн против Вердер, а Билд објави дека Флик не прифаќа неговиот играч висок 195 сантиментри да има 99 килограми.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според германскиот дневник, Суле мора да ја намали килажата. Тоа е основниот услов да се врати во тимот на европскиот првак.

Медиумите потсетуваат дека ова не е прв пат 25-годишниот играч да биде во ваква ситуација. Баварците неколку пати го суспендираа поради доцнење на тренинг.

Тоа значи дека неговата иднина во клубот е доведена во прашање. Претходните денови Дејли Мејл извести дека за неговите услуги се интересира Манчестер Јунајтед.

Суле во Баерн пристигна во 2017. година и од тогаш одигра 109 натпревари. Договорот со Баварците е со важност до летото 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …