Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар со важни информации пред дербито со Шкендија

ФК Вардар со важни информации пред дербито со Шкендија

Во сабота во рамките од 24. коло во македонската Прва лига силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Шкендија, а пред дербито црвено-црните објавија важни информации за овој дуел.

„Екипата на Шкендија е наш противник во 24 коло од ПМФЛ. Не очекува голема битка, затоа покрај максимумот кој нашите фудбалери мора да го дадат на теренот, потребна е и максимална поддршка од трибините. Во сабота – заедно до целта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со цел се да помине во најдобар ред, на сите кои ќе присуствуваат на натпреварот во сабота, јасно им ги потенциравме важните информации, кои мора да ги знаат и до кои мора да се придржуваат.

Прочитајте ги, запомнете ги и не се обидувајте да ги прекршите правилата. Во сабота дојдете на голем црвено-црн собир кој започнува во 11:00ч пред службениот влез, подновете се со реквизити и дрес на клубот и уживајте во одличната храна и атмосфера.

Упатуваме апел, на стадионот да се влезе најдоцна во 14:00ч, односно еден час пред почетокот на натпреварот, да не се поместуваат материјалите кои се дел од кореографијата и внимателно да се слушаат инструкциите на лицата задолжени за реализација на кореографијата“, стои во соопштението на Вардар.

На табелата во овој момент Вардар е 10-ти и води битка за опстанок додека Шкендија е на третата позиција и со Шкупи и Струга е во борба за титулата. Натпреварот се игра во терминот од 14:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…