Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост:


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје.

И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“, објави Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…