Македонскиот репрезентативец, Филип Талески ќе го промени клубот. Бундеслигашот Белинген објави дека договорот на македонскиот ракометар нема да биде продолжен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белинген поради кризата од коронавирусот е приморан да се ослободи од некои ракометари, а меѓу нив се најде и Талески.
„Сакаме да му се заблагодариме на Филип за посветеноста носејќи го дресот на Белинген. Неговиот договор истекува на 30. јуни и тој нема да биде продолжи“, објави директорот на клубот, Волфганг Штробел.
Сезонава беше прва за Талески во Белинген каде што дојде од Рајн-Некар Левен. За Белинген одигра 26 натпревари, постигна 43 голови и запишаа 26 асистенции.