Македонската ракометна репрезентација се подготвува за новиот настап на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија.
Пред овој натпревар зборуваше и Филип Талески кој во својата кариера играше во Германија во дресот на Рајн Некар Левен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум што повторно Македонија ќе настапи на едно големо натпреварување и тоа во земја која што живее за ракомет. Германија го сака спортот и многу вложува во ракометот, ова ќе биде голема можност за нас да се покажеме како репрезентација.
Среќен сум што сме сите заедно. Ме пречекаа убаво, се чувствувам како дома. Со ваква атмосфера и со новитетите кои што ги подготви селекторот имаме големо шанси да се покажеме во вистинско светло“, изјави Талески.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра против Франција и тоа на фудбалскиот стадион во Дилздеорф пред повеќе од 55.000 гледачи.
„Добивме најтешка група, но тоа ќе биде голем предизвик за сите нас. Првенството ќе го отвориме против Франција, селекција која што на секој собир го напаѓа златниот медал. Тоа ќе биде мотив плус за нас. Не треба да имаме голем притисок, треба да уживаме, бидејќи можеби никогаш во животот нема да имаме таква шанса да играме пред 55.000 гледачи на стадион“, истакна Талески.
Покрај Франција, Македонија ќе игра уште во група со Швајцарија и Германија.