Интер со вкупни 3:0 го елиминираше Милан и се избори за финале во Лигата на шампионите.
На 10-ти јуни во Истанбул „нероаѕурите“ ќе играат против Манчестер Сити или Реал Мадрид кои денес го играат својот реванш во полуфиналето, првиот натпревар заврши 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец Рио Фердинанд без разлика кој ќе биде вториот финалист смета дека Интер е без шанси.
„Без навреда за Интер, но во финалето ќе бидат аутсајдери. Има многу солидни тимови и многу играчи кои играа големи натпревари, но ако сте ги гледале во групната фаза, никогаш немаше да помислите дека ќе дојдат до тука каде што се сега“, смета Фердинанд.
Од друга страна легендата на Интер кој денес има улога на директор во клубот од Милано, Хавиер Занети смета дека за Интер подобар противник е Манчестер Сити.
„Искрено не би сакал да играме против Реал Мадрид. Подобро против Манчестер Сити отколку против Реал. Лигата на шампионите е како измислено натпреварување за нив, „кралевите“ секогаш победуваат“, изјави Занети.