Дома Фудбал Душан Влаховиќ не одговара на неверојатната понуда – Чека повик кој нема да дојде!

Душан Влаховиќ не одговара на неверојатната понуда – Чека повик кој нема да дојде!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од првиот ден на јули е слободен играч. Ја напушти Јувентус по четири и пол години и е во потрага по нова средина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Условите кои ги бара го одбиваат многу клубови. Сепак, постои клуб кој прави сѐ да го донесе во своите редови, а тоа е Бешикташ.

Понудата што ја има на маса е од рангот на најголемите европски клубови. Такви бројки нема да добие никаде на друго место.

Тимот од Истанбул му понуди на Влаховиќ тригодишен договор вреден девет милиони евра нето на годишно ниво. Меѓутоа, сѐ уште не добиле позитивен одговор.

Причината е едноставна. Влаховиќ чека повик од англиската Премиер лига или шпанската Ла Лига. Тој е заинтересиран за потпис со Барселона и ја стави понудата на Бешикташ на чекање.

Меѓутоа, моментално понуда од двете најсилни лиги во светот нема. Барселона не гледа во насока на српскиот напаѓач, а и не може да му понуди услови кои турскиот великан може.

Секако, ниту Бешикташ нема да чека долго. Веројатно многу брзо ќе постави временски рок во кој ќе бара конечен одговор од српскиот напаѓач.

Извесно е дека одлуката нема да дојде уште барем неколку недели. Влаховиќ ќе, чини се, чека до самиот крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште едно големо заминување од ПСЖ, пристигнува скапа замена

Јужнокорејскиот играч за врска Канг-ин Ли ќе го напушти Пари Сен Жермен ова лето и се враќ…